Силен земјотрес го погоди Крагуевац!
Апаратите на сеизмолошкиот институт забележаа земјотрес на територијата на Србија во попладневните часови.
Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил на територијата на Крагуевац.
Неговата сила беше 3,8 степени според Рихтеровата скала.
„Многу се тресеше“, „Подот се затресе, а звучеше како бомба да пукна“, „Двапати имаше силен удар“ – ова се дел од коментарите на преплашените граѓани на интернет.