Свет

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕТВОРИ НОЌ ВО ДЕН! Се урна руски бомбардер, објавена прва снимка од местото на настанот ВИДЕО

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕТВОРИ НОЌ ВО ДЕН! Се урна руски бомбардер, објавена прва снимка од местото на настанот ВИДЕО
Авионот Ту-22М3 се урна во регионот Иркутск, екипажот се катапултира, соопшти руското Министерство за одбрана.
– На 15 август 2024 година за време на редовен лет се урна авионот Ту-22М3 во регионот Иркутск. Екипажот се исфрли. Тие не се во животна опасност. Авионот се урнал во ненаселена област. Според првичните податоци, причина за несреќата е технички дефект – се наведува во соопштението.

Според мештаните, при падот се искршил, а по падот на теренот се слушнале звуци од експлозии. Пилотите летале кон областа на вијадуктот – далеку од населените места. Министерството за одбрана соопшти дека тој вечерва бил на редовен лет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни