Живот

Силна порака од згоднaта водителка: Имам брчки и бели влакна на косата – „Природно си е природно“

Водителката на временската прогноза, Марија Егеља, јавно истакна како го чувствува на своја кожа влегувањето во „клубот 30+“.

Марија вели дека нема да потклекне пред затегнувањето, бојадисувањето на косата, и операциите.

Таа истакнува дека се што има е одраз на нејзиниот живот.

„Да, имам брчки од смеење, да, имам по некое бело влакно, не се бојадисувам, не користам ботокс, не фотошопирам фотографии, брчките покажуваат дека се смеам и плачам, а белите влакна дека влегов во клубот 30+. Природно е најубаво, благодарам мамо“ – напиша Марија на социјалната мрежа Инстаграм.

Овие нејзини зборови беа поздравени од многу девојки и жени со многу убави коментари, апелирајќи до познатите дами да престанат да промовираат совршенство кое не постои.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни