Свет

Силно невреме во Словенија – илјадници без струја во Љубљана

Силно невреме во Словенија – илјадници без струја во Љубљана

Словенија денеска беше зафатена од силно невреме со обилни врнежи од дожд и налети на ветер кои достигнувале брзина до 80 километри на час, што предизвика значителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Според јавниот сервис РТВ Словенија, повеќе од 7.400 потрошувачи во областа Љубљана останале без струја.

Компанијата Електро Љубљана соопшти дека поради невремето без електрична енергија останале и 2.049 потрошувачи во Трбовеље и 212 потрошувачи во Ново Место.

Прекини во снабдувањето со струја се регистрирани и во областите Требње и Жалец, информираше дистрибутивната мрежа Електро Цеље. Екипите работат на терен за нормализирање на ситуацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни