Кога индиската актерка Гајатри Рампрасад (56) имала само 26 години, била подложена на егзорцизам, а потоа и затворена во лудница, а причината за сето тоа била нејзината долгогодишна депресија и вознемиреност, од која страдала од нејзините 18 години!
„Моите роднини се многу религиозни, но и суеверни, па повикаа свештеник да го избрка ѓаволот од мене“, открила младата актерка по повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје.
„Тие веруваа дека луѓето со ментални заболувања се опседнати од демонски сили, па затоа ме третираа „на овој начин“, се сеќава Гајатри.
За време на егзорцизмот, свештеникот применил ритуал за протерување на ѓаволот, кој вклучува сексуално вознемирување на актерката!
„Не кажав никому, сепак тој беше „Божји човек“. Ме прогласи за луда жена. Никој не ми веруваше, така што никому не кажав“, открива актерката.
Гајатри пораснала во Индија, а кога наполнила 22 години, склучила договорен брак. Таа и нејзиниот сопруг се преселиле во Орегон, САД, но депресијата и вознемиреноста се уште биле присутни, поради што таа одлучила да се врати во Индија четири години подоцна.
Holistic approaches to mental wellness https://t.co/xZX8NDhfqZ pic.twitter.com/uPt4Sm6Z5D
— Gayathri Ramprasad (@GayathriASHA) May 28, 2014
„Знаев дека нешто различно и погрешно се случува во мојата глава, но не можев да ги најдам вистинските зборови за да им го објаснам тоа на луѓето. И тогаш сфатив дека не сум луда, туку дека сум болна. Требаше да се едуцирам и охрабрам себеси“ се сети Гајатри.
За време на нејзиниот живот во Америка, Гајатри и нејзиниот сопруг ја чуваа нејзината ментална состојба како најсрамна тајна.
„Ниту еден од моите пријатели не знаеше низ што минувам. Носевме фасада на нормала – американскиот сон, знаеш”, додава таа.
Но, тогаш овој пар почна да бара информации за ментална болест. Сопругот стана најголема поддршка за Гајатри, и така третманот полека започна.
Две години по изведувањето на егзорцизмот, актерката заврши во изолирана ќелија во психијатриска болница во Портланд.
„За прв пат во мојот живот, запознав луѓе кои исто така имаат проблеми со менталното здравје и се поврзани со нив. Таму најдов љубов и прифаќање како никогаш досега од луѓе кои ме нарекуваат нормална надвор. Сестрите ми помогнаа да најдам сила да се опоравам“, вели Гајатри, која исто така имала и спонтан абортус во душевната болница.
We are excited to present panelist Malika Burman M.D for the ASHA event. Malika expands the way we think. pic.twitter.com/qMExQcKO7C
— Gayathri Ramprasad (@GayathriASHA) July 23, 2015
Актерката, исто така, вели дека лековите никогаш не и помогнале. Од нив, таа била само уште повознемирена, депресивна, понервозна. Имала уште поголем проблем со несоницата, па решила да најде лек за себе.
„Когнитивната бихевиористичка терапија ми беше како подарок од Бога. Исто така, практикувам трансцендентална јога и пранајама. Откако почнав да го практикувам сето ова, мојот живот целосно се промени“, открива Гајатри, која ја задржа насмевката на лицето и после се што и се случило.
The You Can Recover Project https://t.co/Y5RdxiVBpg pic.twitter.com/LlVJYcYyLI
— Gayathri Ramprasad (@GayathriASHA) October 29, 2015
Денес, оваа прекрасна актерка се бори конечно да стави крај на табуата и заблудите поврзани со менталните болести. Таа основала организација која се занимава со едукација и поддршка на ментално болните и работи неуморно за да ги поддржи луѓето што живеат со симптоми на депресија и шизофренија.
„Само треба да знаете дека имате сила да се опоравите и да се борите“, заклучува Гајатри.
