Според последната пресметка на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), синдикалната минимална кошница за едно четиричлено семејство во септември изнесува 65.077 денари. Ова претставува намалување од 430 денари во споредба со август, кога изнесуваше 65.507 денари.
Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадрати, вкупната вредност на кошницата се зголемува на 80.452 денари.
Најголем дел од трошоците, 23.394 денари или 35,9 проценти, се издвојуваат за храна и пијалаци. За облека и обувки потребни се 5.725 денари (8,8%), а за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,4%).
За лична хигиена и одржување на хигиена во домот потребни се 2.636 денари (4%), за транспорт 4.716 денари (7,2%), за комуникации 3.417 денари (5,3%), додека за здравствена заштита издвојувањето е 1.174 денари или 1,8 проценти, покажуваат податоците на ССМ.
Читај и ова:
- 1.Македонци уапсени на аеродромот во Тирана, носеле непријавени евра!
- 2.Ѓорѓиевски: Подземна сообраќајница и нов булевар ќе го растоварат центарот на Скопје
- 3.Маж од Кина живеел повеќе од 170 дена по трансплантацијата на свински црн дроб
- 4.Четворица уапсени во Скопје по акција за дрога – 1 грам кокаин чинело 4000, а грам марихуана 500 денари!
- 5.Можен третман за Алцхајмерова болест: Наночестички ја обновуваат меморијата