Поврзи се

Македонија

Синдикатот на Македонска пошта изрази загриженост за иднината на АД „Пошта на Северна Македонија“ и неизвесноста од губење на 2300 работни места

Published

on

Од Синдикатот на Македонска пошта, истакнаа загриженост за иднината на АД „Пошта на Северна Македонија“ и за 2300 вработени, како и за губење на нивните работни места. Токму од тука денеска побараа од Владата да склучи договор со друга банка за да се врши услугата платен промет. Исто така побараа итна средба со премиерот Зоран Заев.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Стечајот на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, сериозно го наруши работењето на АД „Пошта на Северна Македонија“, која повеќе од 20 дена на дневна основа генерира големи финаниски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на РСМ, имајќи ги во предвид и загубите од прекинувањето на услугите во меѓународниот сообраќај, како и  намалените приходи во внатрешниот сообраќај во изминатите 6 месеци предизвикани од пандемијата од коронавирусот.

Кај 2300 вработени во Македонска пошта влева страв за иднината на компанијата и загриженост за  редовна исплата на плати и зачувување на нивните работни места .

Loading...

Неработењето на 330 филијали на Македонска пошта  и статус кво состојбата со неработењето на  платниот промет, претставува директна закана и загрозување на  егзистенцијата на 2300 вработени и нивните  семејства.

Воедно, со неработење на филијалите на Македонска пошта има големи последици и врз  граѓаните во сите населени места низ Македонија кои традиционално ги користат услугите на Македонска пошта, нивното незадоволство од ден на ден е се поизразено во спреченоста да ги извршуваат нивните граѓански обврски преку филјалите на Македонска пошта., особено последиците се огромни за категоријата на над сто илјади граѓани на кои им се вршеше услугата исплата на пензии и социјална помош преку Македонска пошта.

Македонска пошта има суштинско значење за нашето општество и претставува повеќе децениска традиција во поштенското работење  како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата.

И затоа, Владата како целосен сопственик на Македонска пошта со оглед на сериозноста на изнесените состојби,  има обврска Македонска пошта да ја постави како приоритет и најитно да донесе одлука за склучување на договор со друга банка за да може да ја врши услугата Платен промет, како и  да се заземе за стабилизација на компанијата со финансиска помош за  покривање на финансиските загуби кои од ден на ден се сѐ поголеми.

Синдикатот на Македонска пошта нема да дозволи никакви репресивни мерки врз вработените од направените финансиски загуби и во таа насока за заштита на работничките права и интереси ќе ги превземе сите законски средства за заштита на иднината на компанијата и нивните работни места .

Затоа, во име на вработените, Синдикатот на Македонска пошта со оглед на исклучително сериозноста на состојбите во која е доведена  Македонска пошта,  а кои можат многу брзо да преминат во голема финансиска криза и непосакувани ефекти и последици,   бара ИТНА средба со Премиерот на Владата на РСМ најдоцна до истекот на наредната недела, се со цел итно решавање на состојбите за повторно овозможување на услугата платен промет во 330 филијали на Македонска пошта, а со тоа  делумна стабилизација на компанијата и непречено функционирање во давање услуги како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата“, соопштија од Синдикатот.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com