И оваа недела матурантите нема да бидат вклучени во наставата. Тие сè уште стојат на одлуката дека се потребни измени во испитот за државна матура, поточно за да се даде испит со скратена програма.
Од синдикатот на средношколци објаснуваат дека тие не се залагаат за укинување на државната матура, туку за моменталната состојба таа да се промени.
Државната матура, според Унијата, треба да се даде според скратени наставни програми и методологии. Но, како што велат, тие програми треба да се однесуваат на сите предмети, не само на неколку.