Синот на Доналд Трамп позитивен на коронавирус

Доналд Трамп јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на Ковид-19. Ова за Си-Ен-Ен го потврдил портпаролот на семејството.

“Дон има позитивен тест од почетокот на неделава, и тој е во карантин. Целосно е асимптоматски и ги почитува сите препораки”, изјавил портпаролот.

Претходно и Доналд Трамп, за време на кампањата за претседател на САД, имаше позитивен тест на Ковид-19, по што неколку дена мина во болница.

.

Извор: ТВ21