Синот на Робин Вилијамс упати емотивна порака за 7-годишнината од смртта на татко му

Зек Вилијамс, синот на Робин Вилијанс, на својот Твитер профил сподели емотивна порака посветена до неговиот татко, по повод 7-годишнината од неговата смрт.

„Тато, почина на денешен ден пред седум години. Радоста и инспирацијата што му ја донесе на светот, живее како наследство кај твоето семејство, пријателите и обожавателите, кои толку многу ги сакаше. Живееше за да ги насмееш другите и да им помогнеш. Денес ќе го славам споменот за тебе. Те сакам засекогаш!“, напиша Зек.

Инаку, познатиот актер и комичар почина на 11 август 2014 година, а ќе биде запаметен по сценската комедија и по улогите во бројни познати филмови, како што се „Г-ѓа Даутфајер“, „Попај“, „Капетан Кука“, „Џуманџи“, „Аладин“, „Добриот Вил Хантинг“ (за којшто во 1997 доби и „Оскар“ за споредна улога), потоа – „Друштвото на мртвите поети“ и „Печ Адамс“.