Полицијата уапсила сириски државјанин во Прешевско под сомнение дека организирал криумчарење на 11 илегални мигранти, соопшти локалната полиција.
Во соопштението Б.А.И. (30) се товари дека сторил кривично дело „недозволено преминување на државната граница и криумчарење луѓе“.
Се сомнева дека тој синоќа го организирал шверцот на 11 нерегуларни мигранти од територијата на Северна Македонија, кои српската гранична полиција ги открила на подрачјето на Прешево.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде спроведен во Обвинителството, соопштија од СВР Врање.
