Многу девојки имаат навика да седат со скрстени нозе, но тие не се свесни колку тоа може да биде опасно.
Имено, кога девојката седи со скрстени нозе, може да предизвика вкочанетост поради притисок врз нервот над коленото, а може да се предизвика и привремен пораст на крвниот притисок.
Иако порано не учеа дека вистинската дама секогаш седи со скрстени нозе, особено доколку носи фустан или здолниште, експертите предупредуваат дека ваквата положба на телото е ризична по здравјето.
Кога нозете се прекрстени, протокот на крв се спречува, а почестото седење во оваа положба исто така може да доведе до проширени вени.
Ризикот е поголем доколку седите со скрстени нозе повеќе од 10 минути секој ден. Затоа, пред да се решите на оваа позиција и да маѓепсате некого со вашиот дамски став, добро размислете за можните последици.
