Сите невакцинирани деца да се вакцинираат пред почетокот на второто полугодие, хоспитализирани уште две деца

Министерството за здравство информира дека денеска (13 јануари 2019 година) до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 2 деца суспектни на морбили.

Станува збор за едно дете од селото Крушопек-Сарај и има 1 година и едно 9 месечно дете од населбата Шуто Оризари, двете невакцинирани. Тоа значи дека во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни.

Во вакциналните пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 10 деца или вкупно до денеска 1,904 лица ја примиле МРП вакцината.

Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините.

Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата.

Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното