Шаман, пејачот на групата „Пикник“, кој требаше да настапи во трговскиот центар „Крокус“ каде се случи терористичкиот напад, изјави дека ќе плати за погребите на сите жртви, како и за лекувањето на повреден.
– Сите ние сме едно големо семејство. А во семејството нема туѓа тага – изјави пејачот познат по своите националистички ставови.
Видеото на кое вели дека стана вирално на социјалната мрежа „Вконтакте“, каде има повеќе од 600.000 следбеници кои дополнително ги „шират“ неговите зборови.
– Народе мој, сите неволји и несреќи отсекогаш ја обединувале нашата земја. Тие ја направија Русија поцврста и посилна. Нема да можат да не исплашат и скршат ниту овој пат – рекол Шаманот.
Инаку, никој од музичарите не е повреден. Тие веднаш беа евакуирани од салата.