Здравјето на рускиот претседател Владимир Путин моментално е една од најинтригантните теми во светот, сите мислат дека боледува од некоја сериозна и непозната болест. Песков ги коментираше тие шпекулации во интервју за NBC News.
Тој експлицитно нагласи дека рускиот лидер нема здравствени проблеми, нагласувајќи дека Путин имал и спортски активности претходниот викенд.
Портпаролот на Кремљ Димитри Песков зборуваше за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.
– Сигурно можам да ви кажам едно, дека претходниот ден, колку што знам, попладнето играше хокеј. Претходниот ден играше хокеј, а за неговата здравствена состојба можете сами да размислите – изјавил портпаролот на Кремљ.