Свет

Ситуацијата со енергетскиот сектор во Украина се подобрува

Ситуацијата со енергетскиот сектор во Украина се подобрува

Министерството за енергетика на Украина работи на зголемување на обемот на производство на електрична енергија и проширување на можностите за нејзино пренос.

Веќе е забележливо значително подобрување на состојбите во енергетскиот систем.

Соодветната изјава ја даде украинското Министерство за енергетика, повикувајќи се на министерот за енергетика на Украина – Херман Галушченко, јавува дописникот на Укринформ.

Според Галушченко, енергетскиот сектор на Украина сега работи 24/7. Министерството деноноќно ја следи состојбата.

Заканата од руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина продолжува, особено за време на божиќните празници, но процентот на непријателски проектили соборени од украинските сили и нивото на заштита на објектите на енергетската инфраструктура се доста високи, истакна Галушченко.

За потсетување, Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина од 10 октомври 2022 година. Руските напаѓачи намерно ги гаѓаат објектите за производство на електрична енергија и системите за пренос со проектили и беспилотни летала од Иран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни