Балкан

Скандал со прислушување на политичари во Грција

Скандал со прислушување на политичари во Грција

Скандал со прислушување во Грција. Поради употребата на СРС против лидерот на опозициската партија ПАСОК, директорот на грчкото разузнавање поднесе оставка.

Во специјалното обраќање, премиерот Киријакос Мицотакис се извини за прислушувањето и се изјасни дека не знаел за тоа.

Според неговите зборови, службите ја потцениле политичката димензија на употребата на специјални разузнавачки средства.

Премиерот додаде дека дејствијата можеби се формално легални, но се политички неприфатливи.

Прислушуваниот лидер на социјалистите на ПАСОК Никос Андрулакис поднесе жалба до Врховниот суд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни