Складирањето струја станува задолжително: Новите енергетски проекти мора да имаат батерии

Сите нови производители на електрична енергија од обновливи извори ќе бидат обврзани да вградат системи за складирање струја, предвидува новиот Закон за енергетика. Истата обврска важи и за државната енергетска компанија ЕСМ.

Според законските одредби, секоја електроцентрала која користи варијабилен обновлив извор на енергија – како што се сончевите или ветерните електрани – ќе мора да има складиште за електрична енергија со инсталирана моќност што изнесува најмалку 20 отсто од инсталираната моќност на централата, мерена во мегавати (MW). Дополнително, складиштето треба да овозможи целосен циклус на полнење и празнење со траење од најмалку два часа на максимална моќност.

Оваа законска мерка има цел да го стабилизира електроенергетскиот систем и да овозможи подобра интеграција на обновливите извори на енергија.