Скопјани внимавајте: Измамник демнее пред банките, не наседнувајте на оваа измама

Во Полициска станица Гази Баба Љ.М.(85) од Скопје, вчера во 14.30 часот пријавил дека околу 09.15 часот на улица „Маџари“ од страна на непознат сторител извршена му е измама, со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.300 денари.

Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако пријавителот ја подигнал пензијата од банка тргнал кон пазарот при што сторителот го застанал и му рекол дека е направена грешка во банката, по што тргнале назад. На семафорите сторителот му рекол да почека тука, бидејќи бил стар тој ќе одел да заврши работа со парите и ќе се врател, по што не се вратил.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Игли во храната на студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев”

Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев” во храната пронашле игла, а за жал, ова не е прв пат да се соочуваат со мизеријата во студентските домови.

Студентите од овој студентски дом, од e-mail- от на редакцијата на Економски Лидер, испратија фотографија од ужасната храна која ја јадат.

Нажалост, оваа панцерота е само еден од многуте примери за тоа што јадат и како се хранат студентите во студентските домови.

Нашето секојдневие е игли и бубачки во храната, оброци со сомнителен квалитет, искршен мебел и влага, а топлата вода е вистинска реткост. Ова не се услови во кои студентите, а особено ние апсолвентите треба да учиме и пред се живееме. Сите лажни ветувања што ги добивавме пред почетокот на сместувањето очигледно биле само за да не прелажат и да ја искористат нашата доверба – велат студентите.

Студентите кои ја испратиле фотографијата претходно биле сместувани во други домови, во Кузман и во Пелагонија, но како што кажуваат и претходно условите биле лоши, но тоа што го доживуваат во овој студентски дом е катастрофа и тоа на самиот старт на академската година.