Скопје го одбележа 13 ноември – Денот на ослободувањето, поранешните борци се потсетија на војната

На 13 ноември 1944 борците од 42 и 50 национално- ослободителна македонска дивизија и 16 македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. 76 години Скопје слободно живее. Ветераните од Народно ослободителната војна заедно со владина делегација и делегација на Град Скопје положија цвеќе на споменикот на паднатите борци. Трајко Стаматоски, еден од ветераните на војната, рече дека не треба да се дозволи негирање на жртвата на партизаните.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека во оваа борба животот го загубиле 4654 граѓани од кои 956 борци.

Шилегов најави дека новиот мост што се гради во Град Скопје ќе го носи името на генералот Михајло Апостолски а булеварот што продолжува до Ќерамидница ќе се вика 16-та Бригада.

.

Извор: ТВ21