Општина Тетово како помош за настраданите од земјотресот во Албанија денес ја испрати првата пратка со 24 тони со храна, хигиенски средства, облека, ќебиња и други работи. По повикот на општината оваа помош беше складирана на собирниот пункт во кругот на противпожарната единица.
Општина Тетово одвои и 25 илјади евра преку реорганизација на буџетските средства. Со оглед дека имаше голема заинтересираност на луѓето отвори пункт за собирање на хуманитарна помош. Одговорот на граѓаните, организации и фирми резултираше со првата пратка од 24 тони која оди денес за Албанија. Сметавме дека денес со ова ќе завршиме со ваквите активности но поради големата заинтересираност утре ќе имаме уште една пратка со минимум од овие димензии, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Од општина Тетово, поточно од Територијалната противпожарна единица е испратена и стручна помош.
-Противпожарната единицаи со тим од пет членови тренирани за спасители заедно со средства за работа и орпема се веќе таму и се надеваме дека ќе си помогнеме колку што можеме да се спасат човечки животи, рече Арифи

Советот на општина Гостивар изгласа одлука за доделување на еден ипол милион денари како помош за настраданите во земјотресот во Република Албанија.
Одлуката за издвојување на средства од општинскиот буџет беше донесена едногласно на вонредната седница на советот. Општината организираше и хуманитарна акција.
Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија.

Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови сеуште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓањето на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот.
Во знак на солидаризирање и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч и регионот во Албанија, Советот на Општина Дебар денеска одлучи да додели финансиска помош во висина од 300 илјади денари.
Висината е определена според можностите на локалната самоуправа.
Хуманитарни акции, но и парични сретства беа одредени и од други општини.