Со велосипеди дојдоа во Градскиот парк за да потврдат дека Скопје може да се движи и без автомобили. Откако ги земаа своите броеви, се приклучија на карванот со велосипеди. Манифеставијата е организирана по повод “13 Ноември“, денот на ослободувањето на Скопје, во организација на Сојуз на спортови во Скопје и Град Скопје.
На Карванот се пријавија околу 1800 учесници. Претседателот на Сојузот на спортови во Скопје, Ѓорѓи Кузмановски рече дека целта на настанот е да се поттикнат граѓаните што е можно повеќе да користат велосипеди, наместо автомобил.
Манифестацијата се одржува петта година под ред, под мотото “Скопје на велосипед“. Освен возењето велосипеди за учесниците беше организирана и наградна игра.
Репортер: Алмедина Исмајли
