Македонија

Скопје поврзано со регионот: За Нова година евтини повратни авионски линии!

Скопје поврзано со регионот: За Нова година евтини повратни авионски линии!

Скопје конечно е поврзано со центрите во регионот преку директни авионски линии.

Истите, освен за туристички цели, имаат и цел за олеснување за претставниците на деловната заедница, за студентите и за иселениците.

Новата година пак доколку сакате да ја поминете во Белград, Сараево, Љубљана или Загреб сега може да се пронајдат и евтини повратни летови:

  • Скопје-Белград-Скопје од 29.12.2023 до 02.01.2024 со ЕрСрбија би ве чинело 94 евра.
  • Скопје-Загреб-Скопје од 28.12.2023 до 02.01.2024 со Виз Ер би ве чинело 164 евра.
  • Скопје-Љубљана-Скопје од 30.12.2023 до 02.01.2024 со ЕрСрбија би ве чинело 156 евра.
  • Скопје-Сараево-Скопје од 27.12.2023 до 01.01.2024 со Ејџиан би ве чинело 253 евра.

Со навремено планирање на патувањата, летовите до центрите во регионот Адрија во некои случаи може да бидат поевтини отколку со останатите видови транспорт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни