Македонија

Скопје се збогува со легендата: Стотици граѓани и колеги му оддаваат последна почит на Владо Јаневски

Скопје се збогува со легендата: Стотици граѓани и колеги му оддаваат последна почит на Владо Јаневски

Платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва е место на тага, спомени и неизмерна почит. Стотици граѓани, обожаватели и колеги од естрадата спонтано се собраа на граѓански собир за да се збогуваат со ненадејно починатата македонска музичка легенда, Владо Јаневски.

Собирот започна симболично во 20:00 часот, токму пред салата каде што уметникот го одржа својот последен голем концерт. Во мирна и достоинствена атмосфера, присутните палат свеќи, оставаат цвеќе и евоцираат спомени за три децении творештво кое ја одбележа македонската поп-сцена. Од толпата постојано се слушаат рефрените на неговите најголеми хитови.

Покрај верната публика од сите генерации, на собирот масовно пристигнуваат и неговите естрадни колеги, соработници и пријатели. Во емотивните изјави, тие едногласно порачуваат дека заминувањето на Јаневски остава огромна, ненадоместлива празнина во домашната култура. Организаторите на оваа иницијатива, која потекна од социјалните мрежи, упатија апел за достоинствено однесување во текот на целата вечер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни