„Скриена рака“ ги нарушува уставните измени? Села до Османи: Наивни изјави даваш

Во период кога уставните измени влегуваат во третата, завршна фаза, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со изјава дека постојат ризици кои можат да го нарушат целиот процес. Како што вели тој, се сомнева дека „скриена рака“ се обидува да го компромитира процесот.

„Се уште постојат ризици кои можат да го компромитираат овој процес, надворешни геополитички фактори, регионални и домашни фактори. Постојат сомнежи дека постои скриена рака која се обидува да го компромитира овој процес. Јас не велам дека албанските политички партии се дел од таа скриена рака, но понекогаш поради не снаоѓањето или немањето искуство со ваквите комплицирани процеси, може да се создаде ваква перцепција.“, рече Османи.

Се вчитува...

Лидерот на АА, Зијадин Села рече дека нивните амандмани претставуваат праведни барања и, како што рече, никој не треба да се плаши од фактот сите да бидат еднакви. А за изјавата на Бујар Османи, Села рече дека таа реченица ја слушнал неколку пати додавајќи дека е навино да се верува на таквите изјави.

„Мислам дека станува збор за феноменот – „фатена опашка“. Кога зборуваме за г. Османи, ова најдобро ги објаснува изјавите кои ги дава, многу наивни за да им се верува на таквите изјави а од друга страна, наивно е јавноста да им верува на тие неосновани обвинувања. Ние бараме тој и ние да бидеме еднакви, се што бараме  да се почитува мајчиниот јазик“, вели Села. 

За изјавата на Османи со реакција и од Движење Беса. Пратеникот Фадиљ Зендели рече дека Беса не ја кочи работата, туку нивните барања се фер и логични.

Инаку, последната фаза на Уставните измени започнува утре, кога ќе се дискутира за четири уставни амандмани предложени од Владата и за уставниот закон. На 11 јануари, според најавите, се очекува да заврши целиот процес на Уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21