Пејачката Слаѓана Делибашиќ се повлече од јавноста, но сега проговори за поранешниот сопруг!
Пејачката Слаѓа Делибашиќ се повлече од јавната сцена и се посвети на приватниот бизнис, приватна градинка која ја води со нејзината ќерка Силвија, а како што тврди бизнисот ќе и одел многу подобро доколку не ја поврзуваат со името Џогани, со оглед на тоа што некогаш била мажена за Ѓоле Ѓогани.
– Многу ме нервира кога сите нè споменуваат во контекст на семејството Ѓогани. Се разведовме пред 22 години. Јас сум Делибашиќ, како и татко ми, брат ми и децата. Моите деца ги гледам како Делибашиќ, а не Ѓогани. Не сум заинтересирана да правам хаос од сето тоа. Понекогаш се срамам од тоа презиме. Има многу предрасуди кај народот. Градинката што ја отворив да не беше тоа презиме ќе беше полна, полна, ама нашиве се такви, додека не сретнеш некој и не видиш човек внатре, не можеш да судиш. Така им судев на луѓето додека не ги запознав – рече Слаѓа и додаде дека е задоволна од работата на градинката, без разлика на се:
– Петта година е како работиме со градинката. На почетокот беше многу слабо, знаев дека дојдов изморена од настапот и ги платив сите трошоци, плати и придонеси додека не почнеме да работиме и тоа без никаква реклама. Родителите кои дојдоа имаа многу убаво мислење за нас и за работата на нашата градинка. Фала богу градинката полека почна да се полни. Долго време баравме кадар, сега се е феноменално, но ништо не е без Силвија – заклучила таа за Свет.
