Следниот и последен неработен ден во 2025 година е понеделник, 8 декември, денот посветен на Свети Климент Охридски. Овој ден го означува и последниот продолжен викенд за граѓаните на Република Северна Македонија годинава.
Според Законот за празниците на РСМ (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2025 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ:
1 јануари (среда) – Нова година
7 јануари (вторник) – Божик
30 март (недела) – Рамазан Бајрам (31 март, понеделник, е неработен)
21 април (понеделник) – Велигден
1 мај (четврток) – Ден на трудот
24 мај (сабота) – „Св. Кирил и Методиј“
2 август (сабота) – Ден на Републиката
8 септември (понеделник) – Ден на независноста
11 октомври (сабота) – Ден на народното востание
23 октомври (четврток) – Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (понеделник) – „Св. Климент Охридски“
За граѓаните од православна вероисповед:
6 јануари (понеделник) – Бадник
19 јануари (недела) – Богојавление (Водици)
18 април (петок) – Велики Петок
6 јуни (петок) – Духовден
28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед:
21 април (понеделник) – Велигден
1 ноември (петок) – Празникот на сите светци
25 декември (четврток) – Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
6 јуни (петок) – Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница:
22 ноември (сабота) – Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница:
27 јануари (понеделник) – Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница:
8 април (вторник) – Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница:
23 мај (петок) – Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница:
2 октомври (четврток) – Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница:
28 септември (недела) – Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница:
21 декември (недела) – Ден на настава на турски јазик
Со оглед на календарот на празници, 8 декември ќе им овозможи на граѓаните уште еден продолжен викенд пред крајот на годината, идеален за одмор и семејни активности.
