Во следниве денови најавени неколку протести. ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе протестира пред владата, по повод 1-годишнината од апсењето на лицата кои учествуваа во настаните на 27 април, кои според опозицијата се невини патриоти.
Опозицијата исто така ја обвинува власта за лошо владеење во речиси сите области, и дека Заев и неговите луѓе имаат само една цел, а тоа е да им процветаат нивните бизниси.
На 1 декември, токму во денот кога во Собрание ќе започне разгледувањето на амандманите за уставните измени, протести најавува и граѓанската иницијатива “Македонија Блокира“.
Целта на протестот е распуштање на Собранието и предвремени избори, но без Зоран Заев како премиер велат од “Македонија Блокира“, иницијатива која е иницирана од неколку здруженија и граѓани кои не се согласуваат со Преспанскиот Договор и уставните измени.
Репортер: Бесир Арифи
