Македонија

Следува топлотен бран, температури до 42 степени – граѓаните се жалат на срцеви тегобии, главоболки, поспаност…

Дирекцијата за заштита и спасување, согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, информира дека за време на продолжениот празничен викенд ќе има нов топлотен бран со многу високи температури. Изразено топло време ќе има утре и задутре (2 и 3 август) со температури до 41 степен. Се алармира да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган и скара на отворен простор и во шума, да не палат отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193. Од итната медицинска помош пак информираат дека од 100 до 120 повици имаат дневно во Скопје. Граѓаните поради високите температури најмногу се жалеле на кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност. Од ИМП апелираат граѓаните, а особено постарите лица и бремените жени да избегнуваат подолг престој на отворено во периодот од 10 до 17 часот. Хронично болните навреме да ја земаат терапијата, а бебињата не треба да се изложуваат на високи температури. Да внимаваат и младите лица и да се носи лесна облека, да се внимаат на исхраната која треба да биде свежо подготвена и да се пијат повеќе течности.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни