Случај „27 април“ – повлечени неколку сведоци, обвинетите пратеници не дадоа исказ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинети за настаните од 27 април во Собрание минатата година, се откажаа од давање исказ пред Судечкиот совет. Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, рече дека нема да даде исказ, повлекувајќи ја целата листа на докази која ја приложи претходно. Исто така адвокатите на пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, изјавија дека нема да се бранат ниту со писмените докази и дека трите предложени видео снимки целосно се поклопуваат со веќе изнесените од обвинителство. Одбраната на пратеникот Крсто Мукоски, пак, рече дека на 19 ноември ги повлекол сите поднесени материјални писмени докази, како и дека обвинетиот нема да дава исказ пред судот. Мукоски пак, рече дека не се повлечени сите, туку од листата на сведоци е повлечен само неговиот колега од партијата, Драган Данев.

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Ангелова, во својот исказ пред Судот, рече дека немала никаква комуникација со обвинетите пратеници. Екс- кандидатката за градоначалник на општина Чаир на локалните избори во 2013 година, рече дека „влегле во Собранието поради патриотски причини“.

Се вчитува...

„Сите 62 пратеници од нашата партија имавме група на „вибер“, каде комунициравме за координација на работите во Собрание во периодот 2014-2016. Во таа група, една колешка испрати видео од пеењето на химната од Крсто Мукоски од говорницата и следеа патриотски коментари – дека ќе ги поддржиме од надвор. По 18:00 часот, испратив слика од „стампедото“ во собраниската сала и разменувавме пораки набрзина. Но, не се задржав повеќе од 10 минути, откако беше извршено делото“ – Марија Ангелова, сведок.

Застапникот на обвинетиот Љупчо Димовски, рече дека нема да даде исказ пред Судот, туку дека остануваат како доказ неколкуте видео-материјали, кои беа презентирани на рочиштето за да се забележат гестикулациите кои ги прави неговиот клиент. Адвокатот Еленко Миланов, рече дека има исти гестикулации како во дебатните емисии, така и на 27 април.

Во случајот „27 април“, обвинетите пратеници повлекоа над 15 сведоци од нивната одбрана, од кога е формирана Комисијата за национално помирување во Собрание.

Репортер: Аднан Ќаили

Извор: ТВ21