Случувањата во државата инспирација на Вевчанскиот карневал

Вевчани традиционално денеска живее во духот на карневалот . Маскираните итаа кон Европа, го критикуваа името, потсетија за доцнењето на минималецот од 500 евра, го осудија Груевски и му доделија Нобелова награда на Заев.

Но, први по традиција василичарското  оро го заводија зетот и невестата како симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, ѓаволите олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото.

Извор: ТВ21