Свет

Служба за безбедност на Украина: Можна е саботажа на хемикалии во Доњецк

Службата за безбедност на Украина (СБУ ) предупреди на можна саботажа против цивилното население во окупираната област Доњецк, објави УНИАН, повикувајќи се на Службата за безбедност на Украина, која се повикува на разузнавачки информации.

„Окупационите сили им делат гас-маски на локалните борци и на руската војска. Постои можност за провокација, разнесување на индустриски контејнери со хемикалии“, се вели во извештајот.

Борците планираат да ја обвинат украинската војска за оваа саботажа врз цивилното население .

„Изјавуваме дека, за разлика од руските окупатори, Украина не прибегнува кон такви методи. Ги повикуваме нашите граѓани на привремено окупираната територија да бидат внимателни!“, нагласи SBU.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни