Снег, камења и паднати дрвја предизвика целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар.
Засега нема информации колкава количина на снег, камења и дрвја паднала на коловозот, но се знае дека екипи на „Македонијапат“ и друга механизација се упатени на местото за да обезбедат проодност.
Лавината паднала во близина на Бигорскиот манастир, неколку стотини метри пред бензинската станица.