Снег падна во турскиот град Ризе

Снег падна на повисоките места во турскиот град Ризе во истоимениот крај на Црното Море, објавуваат медиумите во земјата.

Со намалувањето на температурата, дождот кој почна да паѓа во областа вчера, постепено преминал во снег во текот на ноќта, кој ги покрил повисоките делови од градот со бела покривка, пренесе државната телевизија ТРТ Хабер.

На некои места дебелината на снежниот покрив достигнала 10 сантиметри.

Снимките од локалните планински платоа, каде сезонски престојуваат пастири, прикажуваат вистински зимски пејзажи.

Турскиот крај Ризе се наоѓа во североисточен дел на Турција, на брегот на Црното Море.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.