Балкан

Снег во соседна Србија: Се формира снежна покривка на Тара и Златибор

Снег во соседна Србија: Се формира снежна покривка на Тара и Златибор

Студениот бран, како што беше најавено, донесе промена на времето кај нашиот сосед.

Додека во поголемиот дел од Србија преовладува облачно време со дожд, планинските предели веќе побелеа.

Во југозападните делови на Србија, дождот премина во снег, особено на повисоките места.

На планините веќе се формира слој од 5 до 10 сантиметри, а на одредени локации висината е и поголема.

Снежни сцени се забележани на популарните туристички центри Тара и Златибор.

Дува слаб до умерен ветер од север и исток, кој повремено засилува, особено во источна Србија.

Падот на температурите и првиот посериозен снег во регионот се најава за претстојната зимска сезона, додека во пониските предели врнежите продолжуваат со умерен интензитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни