Снегот дојде во Македонија, еве каде врне моментално и какво време не очекува следните денови…

Вечерва на Попова Шапка врне снег, а според информациите на УХМР на повисоките места во земјава истата ќе достигне и до 15 сантиметри до рано наутро.

УХМР снег најави и за утре, а еве какво време не очекува во следните денови:

Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Во петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има локална појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

УХМР ИЗДАДЕ И АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.