Поради обилните снежни врнежи во Истанбул, кои траат веќе трет ден, поморството на Босфорот денеска е затворено во двата правци, соопшти Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето на турското Министерство за транспорт и инфраструктура.
Од петок на полноќ на мотоциклистите и курирските служби им е забрането да возат во Истанбул до понатамошно известување.