Свет

„Снежна бура на векот“: Вонредна состојба во Њујорк, снежните наноси над еден метар

„Снежна бура на векот“: Вонредна состојба во Њујорк, снежните наноси над еден метар

Федералната помош за државата Њујорк ја одобри американскиот претседател Џо Бајден по хаосот што го предизвика таа зима. Ниските температури и снежните наноси предизвикаа хаос во сообраќајот.

Најмалку 55 лица загинаа околу божиќните празници, а 29 лица загинаа како последица на снежното невреме во Њујорк. Гувернерот на државата Кети Хочул ја нарече бурата „снежна бура на векот“.

Поради сериозен дефект во трафостаница, без струја останаа близу 13.000 претплатници. Снежните наноси се 110 сантиметри на места, а машините за чистење снег имаат потешкотии да пристапат до гориво бидејќи голем број бензински пумпи не работат откако нивната опрема е ограбена.

Најпогодени се аеродромите во Денвер, Атланта, Лас Вегас, Сиетл, Балтимор и Чикаго , а аеродромот Бафало останува затворен до среда. До минус 53 степени Целзиусови се забележани во Западна Канада, а минус 38 во Минесота.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни