Свет

Снежна катастрофа во Јапонија, најмалку три лица загинаа

Снежна катастрофа во Јапонија, најмалку три лица загинаа

Повеќе од 10.000 домови, главно во префектурата Ниигата, сè уште се без струја.

Во обилните снежни врнежи во северозападна Јапонија , кои почнаа минатиот викенд, загинаа најмалку три лица, блокираа стотици возила на автопатите, беа прекинати железничките услуги и илјадници домови останаа без струја, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на официјални претставници.

Предизвикани од моќен атмосферски систем, снежните врнежи започнаа во саботата во северниот крајбрежен регион на земјата. Снежната покривка е над 2 метри на места во префектурите Ниигата , Јамагата и Аомори.

Силите за самоодбрана помогнаа и учествуваа во расчистувањето на автопатиштата Ниигата , каде стотици автомобили и камиони беа блокирани во конвои долги повеќе од 20 километри. Локалните волонтери, исто така, помогнаа со обезбедување храна и други основни работи за луѓето заробени во нивните автомобили со часови.

Со подобрување на временските услови, надлежните вчера дозволија сообраќај на патиштата. Сепак, според временските прогнози, за време на викендот регионот ќе го зафати уште едно снежно невреме.

Повеќе од 10.000 домови, главно во префектурата Ниигата , сè уште се без струја, а снабдувањето со намирници доцни поради блокирани патишта, соопшти утрово Министерството за економија, трговија и индустрија.

Канцеларијата за заштита од пожари и управување со катастрофи соопшти дека три лица загинале, а 10 се повредени.

85-годишен маж почина откако падна во канал додека чистеше снег во Кашивазаки, најтешко погодениот град во Ниигата . на островот Хокаидо , 63-годишна жена беше фатално згмечена меѓу два камиони додека се обидуваше да избега од снежна замка, а во префектурата Акита, 73-годишен маж загина додека чистеше снег од покривот на својот дом.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни