Жешка дебата во студито на ТВ21 во однос на донесување на Законот за попис во законодавниот дом.
Пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса за Албанците вели дека ни се смеат другите држави како се реализира пописот во Макеоднија.
„Другите држави ни се смеат како правиме попис и дека граѓаните во Македонија ги добиваат правата согласно процентот од пописот, на пример Албанците добиваат 25% од правата“, потенцираше Снопче кој во студито на ТВ21 дискутира со Арбр Адеми од ДУИ.
Адеми потенцираше дека како поранешен министер за образование се интересирал и добил информации дека бројот на ученици во основните училишта во Македонија во учебната 2017/2018 година на запишани Македонци бил 121.272 односно 62,22%, додека на Албанци 60.709 односно 32,15%.
Според изнесеното, овие податоци се за учебната 2017/2018 година и според тоа на каков јазик се одвива наставата, а не според етничката припадност.