Венеција ќе воведе употреба на камери за надзор и мобилна апликација, со цел да се соберат податоци колку туристи пристигнуваат во градот, а ќе се воведат и дополнителни правила.
Целта е „да се следи секој човек што ќе влезе во Венеција“, објави Ројтерс, опишувајќи систем од 468 камери и сензори кои им овозможуваат на службениците да ги разликуваат жителите од туристите, да го следат потеклото и дестинациите и да одредат колку брзо се движат луѓето.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, рече дека очекува многу луѓе да протестираат против одлуката, но дека негова должност е да го направи градот погоден за живеење за оние кои го населуваат, но и за оние кои планираат само да го посетат.
Венеција допрва треба да донесе одлука колку туристи ќе бидат преголеми. Резервациите ќе се следат преку апликацијата, а ќе се тестираат и начини на кои градот би можел да се затвори доколку биде пребукиран. Неодамна е забранет влезот на големи крстосувачи во познатите градски канали.
Ќе се следи и брзината на гондолата. Инаку, тие не се движат со голема брзина, но за време на пандемијата на коронавирус, забележано е дека водата станува речиси кристално чиста кога гондолите се движат побавно.
„Ќе се додадат услови за приоритетни резервации и попусти. Не можете да одите во костим за капење. Не смеете да скокате од мост или да се опивате. Кој и да дојде мора да го почитува градот“, рече Бруњаро.