Се одбележува 10-годишнината од смртта на легендарната британска поп пејачка Ејми Вајнхаус.
Нејзиното семејство и пријателите во соработка со Би-Би-Си, снимија биографски документарец чие прикажување се случи вчера, точно на годишнината од нејзината смрт.
Инаку, таа почина на 27 години, од труење со алкохол, на 23 јули 2011 година.
Според татко ѝ Мичел, документарниот филм дава поширока слика за Ејми, а раскажувачот во филмот „Позитивната страна на Ејми“ е нејзината мајка.
Филмот носи разговори со долгогодишни пријатели, вклучувајќи ја и Катриона Гурли, која откри дека била во романтична врска со Вајнхаус.
„Мислите дека ја познавате мојата ќерка – со дрогата, зависности, деструктивни врски – но има и многу повеќе!“, вели мајка ѝ.
Филмот се обидува да ги оспори обвинувањата дека семејството го искористило нејзиниот успех и не сторило се за да ја извлече од зависноста.
Музичкото списание „НМЕ“ го нарече документарецот „трогателен“, „посвета на една ќерка, пријателка и огромен талент“. Но, „Фајненшл тајмс“ е скептичен и пишува дека родителите на Вајнхаус, особено татко ѝ Мичел, сепак биле „во центарот на нејзината кариера“.
