Македонија

Со години наназад се издавале пасоши со злоупотребен туѓ идентитет

И пред 2017 година се издавале пасоши со туѓ идентитет, соопшти вечерва на прес конференција Оливер Спасовски – министер за внатрешнира работи.

МВР уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои пак издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.

„Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи“

215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица.

Обвинети се 10 лица, 9 се приведени, a по едно се трага.

Тој рече дека акцијата започнала на 20-ти февруари 2019 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни