Со хеликоптер доставена храна за жителите во село Танушевци

Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, во рамките на своите програмски активности, денес им излезе во пресрет на граѓаните од скопското село Танушевци со достава на хуманитарна помош. Поради непристапниот терен, помошта беше диструбуирана со помош на хеликоптерската единица на АРМ.

Од страна на Црвен крст на град Скопје беа доставени пакети со над 400 кг храна, хигиена, ќебиња и обувки.  „И во наредниот период продолжуваме да дејствуваме во зависност од потребите на населението“, велат од таму.

Ваква акција викендов беше спроведена и во во селата Брест и Малино Маала. Поради отежнатите зимски услови кои ги предизвика обилниот снег, неколку села од регионот на Карадак беа отсечени и со блокирани патишта. ТВ21 неколку пати извести за нивните проблеми но од надлежните немаше реакција.

Извор: ТВ21