Со новиот закон СЈО може да гони претседатели, пратеници, амбасадори…

Во новиот нацрт предлог-закон за Специјалното јавно обвинителство кое го објави Министерството за правда, има промени во однос на надлежностите на кривичните дела кои може да бидат предмет на СЈО.

Досега СЈО беше овластен и надлежен да гони кривични дела поврзани со следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година.

Меѓутоа со новото предложеное решение СЈО ќе може да истражува и гони кривчни дела извршени и од претседателот на Македонија, амбасадорите на земјите и други претставници во странство именувани од страна на претседеталот, потоа именувани функционира во и од Собраниети и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.

СЈО ќе има и надлежност за прогон за кривични дела извршени од одговорни лица во политичките партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средаина и природата, културното наследство, природните реткости, платниот промет, јавните финансии, вооружените сил, неовластено давање информации и податоци за сведоците и други дела кои се сторени во врска со предмети кои ги води СЈО.

Извор: ТВ21