Свет

Со осуда на градоначалникот на Истанбул, САД се загрижени

Со осуда на градоначалникот на Истанбул, САД се загрижени

Американскиот Стејт департмент е „длабоко вознемирен и разочаран“ од казната на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, објави Ројтерс.

Турскиот суд вчера го осуди Екрем Имамоглу, популарен противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, на повеќе од 2 години затвор и му изрече политичка забрана за навреда на функционери.

Имамоглу, кој е претставник на главната опозициска Народна републиканска партија, беше изведен пред суд во врска со говорот во 2019 година во кој рече дека оние што ги поништиле локалните избори во Истанбул во тоа време биле „будали“.

Имамоглу победи на локалните избори во 2019 година со мала разлика во однос на неговиот ривал од владејачката Партија на правдата и развојот, а откако тие резултати беа поништени, победи на прегласувањето со поголема поддршка.

Обвинението предвидуваше максимална казна до четири години затвор, забележа Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни