Балкан

Со црвени капи на главите осамна скулптурата на Светите браќа Кирил и Методиј

Со црвени капи на главите осамна скулптурата на Светите браќа Кирил и Методиј

Скулптурата на Светите браќа Кирил и Методиј во Бургас, Бугарија има црвени божиќни капи на главите, виде репортер на БТА. Пријава за вандалскиот чин е поднесена до локалната полиција, соопштија оттаму.

Во околината има видео надзор, се трага по сторителите.

Споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј се наоѓа во Морската градина во близина на Летниот театар. Споменикот е поставен на ова место во 1972 година, а автор е руски скулптор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни