Со владина олдука, јавните претпријатија со активности за намалување на загаденоста

Владата на Македонија на 109-тата седница донесе одлука секоја јавна институција да презема мерки за намалување на аерозагадувањето. Затоа, ЈП „Македонски железници Транспорт“, засади дрвца за во иднина да придонесе во намалување на нивото на загадувањето на воздухот, кој во главниот град е над дозволеното. Во Скопје, последните недели ПМ10 честичките беа во голема концентрација, поради што Владата одвои средства за подобрување на оваа алармантна состојба.

Директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници Транспорт“, Шабан Зендели, се надева дека со ваквите активности ќе придонесат за решавање на проблемот.

Се вчитува...

„Денешната активност е резултат на заклучокот на Владата од 109-тата седница за ангажирање на јавните и државните претпријатија со цел да дадат свој придонес за намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на животната средина. Исто така, врз основа на препораките кои ги добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање, ние денеска како претпријатие организиравме акција за садење на фидани и дрвца, со цел да помогнеме во духот на заклучокот што го донесе Владата“, изјави Шабан Зендели – Директор на ЈП „Македонски железници транспорт“.

Извор: ТВ21