Македонија

Со воен авион утре се очекува да бидат донесени жртвите од катастрофата на Струма

Судска медицина во Бугарија ги ослободува телата на 45 лица кои загинаа во запален автобус на автопатот Струма. Според првичните информации, тие во петок со воен авион ќе бидат вратени во Скопје.

Претходно оваа недела, министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, објави дека разговарал со заменик главниот обвинител Борислав Сарафов и бугарската влада и дека е донесена одлука телата да се транспортираат со бугарски авион.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни