Собранието на Република Македонија со 67 гласа „за“, 4 „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот за промена на името, во Уставот на Република Македонија.
Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.